Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен скопјанец, кој се обидел да внесе во државата противправно набавени стари монети

Денеска (29.05.2023) во 02.00 часот на Граничниот премин Табановце полициски службеници го лишиле од слобода Џ.С.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости “ по чл. 266-б од Кривичниот законик.

Имено, при извршена дополнителна контрола од страна на полициски службеници кај Џ.С., кој на граничниот премин пристигнал со патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, негова сопственост, а управувано од Е.Е.(39) од Скопје, биле пронајдени стари монети во различна големина.

Пронајдените предмети биле одземени и заедно со приведениот биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ ДЕЦА ОДЗЕЛЕ АВТОМОБИЛ ОД АВТОПЛАЦ ВО ДЕБАР – „Форд фиеста“ бил оставен отклучен, со клуч на бравата

ДЕСК

СООБРАЌАЈКА ВО КИЧЕВО – 19-годишник возел со 1,68 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО СТРУГА – Агресивно се однесувал кон 37-годишна жена, па ѝ го оштетил автомобилот

ДЕСК