Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

139 санкционирани сообраќајни прекршоци во Скопје, 36 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК