16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кузеска: Мицкоски молчи за ЕУ а неговите коалициски партнери се за Русија

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Во период кога се потребни структурни реформи за да се заокружи европската иднина на државата, Христијан Мицкоски како по обичај стои на страна и продолжува со својата пракса на избегнување одговорност за носење одлуки.

Дали причина за тоа е што половина од неговите коалициски партнери се проруски ориентирани?

Димитар Апасиев и Левица отворено се залагаат за Русија и против ЕУ и НАТО.

Друг коалициски партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Иван Стоиљковиќ вчера присуствуваше на Меѓународна безбедносна конференција во Москва, како единствен претставник од Македонија.

Присуството на Стоиљковиќ на конференцијата се случува во време кога целиот свет ја осудува и се бори против руската агресија врз Украина.

Дали Мицкоски се согласува со неговиот партнер Стоиљковиќ и неговите отворени анти НАТО ставови?

Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваат санкциите против Русија или ја поддржуваат руската агресија?

Ова е момент на вистината за Христијан Мицкоски.

Наместо да измислува и пласира нови глупости, Мицкоски мора да излезе во јавноста и да одговори: Ќе се приклучи ли на европскиот блок или ќе продолжи во прорускиот, деструктивен и антиевропски блок заедно со неговите коалициски партнери Апасиев и Стоиљковиќ?

За ЕУ молчи а неговите коалициски партнери се за Русија. За што точно се залага Мицкоски?

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК