Кога зборуваме за економија, ние имаме линеарна економија. Но, како општество треба да стремиме кон циркуларна економија. Во светот постои една изрека „Ако во моментот имате ѓубре вие сте богати“, вели потпретседателката на Сојуз на стопански комори, Габриела Кулeбанова на тема „Проценка на капацитетите за развој на циркуларната економија во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан“, на конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“.
За да бидеме успееме во циркуларната економија треба да видиме каде и во кои области сме успешни. Треба да се искористат ресурсите во земјоделито (на пример обработка на јаболката), текстилната индустрија…, додаде Кулeбанова.
„Циркуларната економија не подразбира само бизнис. Ние се наоѓаме среде војна во Европа, која ќе ја смени целата безбедносна слика во целиот свет. Регионот треба да се насочи кон циркуларната економија и помалку да ја напушта линеарната економија“, вели претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на тема „Влијанието на руската агресија против Украина врз економските трендови и можностите за развој на циркуларната економија“.
Дерала додаде дека руската агресија против Украина го промени економскиот тек и забрзано почна да се применува циркуларната економија.
„Во минатото, екологија и економија често се споредуваа во медиумите. Редакциите немаат капацитет и интерес да следат и покриваат теми за екологија или циркуларна економија, бидејќи такви теми не им носат читаност и кликови, односно профит“, вели главната уредничка на Градска.мк, Соња Танеска на тема „Медиумите и циркуларната економија“.
Таа додаде дека медиумите треба да одвојат простор и да имаат поголема заинтересираност за општествени и еколошки теми кои се битни за граѓаните и општеството.
Овој настан е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.
извор Цивилмедиа