3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Цивил медиа
МАКЕДОНИЈА

Истрефи, Агатоновиќ, Бехариќ и Берлајоли за циркуларна економија на Западен Балкан

На конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ во втората сесија „Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан – Регионални искуства“ учествуваат Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, Косово, Селена Агатоновиќ од Иницијативата за правата на младите, Србија, Самир Бехариќ од БиХ и Газменд Берлајоли од Косово.

„Потребно е кревање на свеста кај младите за циркуларната економија, особено преку социјалните мрежи. Оваа мрежа ЛогЕкс покажува дека во нашиот регион може да комуницираме, работиме и решаваме заеднички проблеми, без оглед на тоа дека во нашите региони имавме конфликти“, рече Агатоновиќ.

Владата на Косово воспостави систем да работи со општините од линеарна да премине во циркуларна економија. Бидејќи ова е вистинскиот пат кон иднината, рече Берлајоли.

Тој додаде дека ќе организираат две настани, првата работилница ќе биде со младите за тоа како вештачката интелегенција може да се користи во циркуларната економија и кои ќе бидат придобивките од тоа. Другиот настан ќе биде „одржлива мода“, производите ќе бидат од стакло и пластика.

Во БиХ има длабоки етнички и верски поделби, но сепак две невладини организации работат со деца кои се со различна етничка и верска припадност и тие заедно изработуваат торби. Инвестицијата во нашите млади има ефект, не само за циркуларната економија, рече Бехариќ.

Овој настан е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.

Спонзорирано: