Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо

Согласно НАТО принципите на заменливост, а во насока на зајакнување на мисијата за воздушно патролирање (AIR Policing) над македонското небо, донесена е одлука Република Италија како дел од силите задолжени за јужното крило на НАТО, со своите воздухопловни капацитети да придонесе во извршувањето на оваа мисија. Во периодот што следува ќе се пристапи кон усогласување на техничкиот аранжман помеѓу двете држави, по чие потпишување официјално и Италија ќе биде вклучена во оваа НАТО мисија над македонското небо. Патролирањето ќе се реализира помеѓу македонските, грчките и италијанските воздухопловни сили во координација со НАТО Центарот за воздухопловни операции во Торехон, Шпанија.

Како дел од најголемиот воено политички сојуз, патролирањето над македонското небо е дел од одбранбена мисија на НАТО алијнсата за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на македонските граѓани. Во текот на 2019 година се донесе првата одлука за Воздухопловно патролирање, по што следуваше потпишување на технички аранжман со Република Грција. Ова е мирновремена мисија која вклучува употреба на Систем за набљудување и контрола, како и соодветни средства за противвоздушна одбрана и воздухоплови за пресретнување со цел зачувување на интегритетот на националниот воздушен простор.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе