Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Започнува „Брз одговор 23“, дел од најголемата мултинационална вежба на Криволак

На армискиот полигон „Криволак“ денеска започнува вежбата „Брз одговор 23“ која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни.

„Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово.

Во делот од вежбата што ќе се реализира во Северна Македонија, односно на армискиот полигон „Криволак“, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии – САД, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово.

Армијата на Северна Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија.

Целта на вежбата, според надлежните е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите. Преку изведување на здружен опсег на операции мисии и активности, вежбата ќе влијае на подобрување на брзината на дејствувањето и усогласување на оперативните процедури.

Во текот на вежбата на АП „Криволак“ ќе биде презентиран и проектот „ORIGIN“ кој претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии, односно автономно, копнени роботски возило на Командата за развој на воените способности на САД.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК