Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Трите лица изгубени со мотори на Плачковица се во добра здравствена состојба, заврши потрагата

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи, е добиена информација за изгубените лица на планината Плачковица.

Се работело за три лица со мотори, кои заедно со поголема група се упатиле од хотел „Бел камен“ (Радовиш) кон с. Зрновци.

Последниот контакт со нив бил околу 19:00 часот, при што кажале дека се заглавени во некоја кал на неодредена локација.

Во потрага биле вклучени: 15-16 лица со мотори кои биле во нивната група, едно полициско возило од Полициската станица ПС Штип на правецот Туртел – одмаралиште УГД, едно полициско возило од с. Зрновци кон Плачковица, околу 20-25 луѓе од поблиската фамилија на исчезнатите лица.

Истовремено, било контактирано со доброволната планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани, кои се организирале да тргнат во пребарување. Биле известени и дежурните од ДЗС Скопје за превземање мерки во нивна надлежност.

Утрово, РЦУК Штип, извести дека од планинарската служба „Осогово“ со 4 лица и 1 теренско возило во 05:00 часот излегле на терен и пребарувале на релација Видовиште, Латал – Бел Камен.

Според последните информации добиено од РЦУК Штип, едното од изгубените лица во 06:58 часот воспоставило контакт со член на фамилија и известил дека трите лица со моторите се заглавени во кал, па ноќта ја поминале на планината Плачковица и дека се во добра здравствена состојба.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК