Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

По кусо боледување, почина Димитар Кафтанџиев, доајенот на македонската хирургија

Вчера, во Скопје, по кусо боледување, почина проф. д-р Димитар Кафтанџиев, доајен на македонската хирургија и основоположник на современата македонска тораковаскуларна кардиохирургија. Проф. д-р Димитар Кафтанџиев бил раководител на тимот, кој пред 50 години, на 30 мај 1973 година, ја извршил првата операција на отворено срце во државата.

Извршувал повеќе општествено-стручни и раководни функции. Бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, директор на Клиниката за тораковаскуларна хирургија, како и директор на Хируршките клиники при Медицинскиот факултет во Скопје.

Автор е на две монографии, со наслов „Рак на дојката“ и „Рак на тиреоидната и на паратиреоидните жлезди“, како и на многубројни стручни и научни трудови, презентирани во земјата и странство.

Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои Орденот за заслуги за народ со сребрена ѕвезда на СФРЈ, државната награда „11 Октомври“, како и наградата на град Скопје, „13 Ноември“.

Посмртните останки на проф. д-р Димитар Кафтанџиев ќе бидат погребани утре на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски со сериозни обвинувања: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Синоптичарите со повеќедневна прогноза за времето

ДЕСК

Минималната плата мора да се зголеми во март, рече Трендафилов

C +