Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Муцунски, Мицевски и Митева на средба со Копман и Матуела: Сериозна загриженост за корупцијата во врвот на власта

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Тимчо Муцунски, заедно со координаторот на пратеничката група Никола Мицевски и членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева остварија средба со генералниот директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, и вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Микела Матуела.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија каде ја истакнавме нашата загриженост за високиот степен на корупција во врвот на власта и немањето реформи во делот на владеењето на правото, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во врска со евроинтегративниот процес на Македонија уште еднаш недвосмислено потврдивме дека тоа е стратешки интерес на нашата држава, но без негирања и условувања кои ги бара Бугарија. Уставните измени, во овој парламентарен состав и под бугарски диктат ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи“, се наведува во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Николоски од Брисел: Земјите на Коридор 10, Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга 

ДЕСК

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

ДЕСК

Македонка тргнала со 27 штеки цигари за Лондон – Ја чека казна затоа што царинските власти на скопскиот аеродром ја спречиле

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.