Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со одговорно, посветено работење, СДСМ постојано докажува колкава е разликата од 11 годишното режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение на СДСМ:

Со одговорно, посветено работење, СДСМ постојано докажува колкава е разликата од 11 годишното режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2017 до денес, СДСМ изгради, реконструира и адаптира 80 објкети на детски градинки во сите општини низ државата, а некои населени места за прв пат добија детска градинка.

ВМРО-ДПМНЕ за 11 години изгради, реконструира или адаптираше само 45 детски градинки.

СДСМ се грижи и за човеќкиот потенцијал во детската заштита. За самопет години платите на негувателките и воспитачките ги зголемивме за 36 отсто.

Тоа се резултати што ја потврдуваат разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, резултати што носат придобивки за граѓаните и државата.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на зацртаните цели, продолжуваме да носиме мерки и политиките што го унапредуваат квалитетот на живот за сите граѓани, во секое населено место.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК