Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот

Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав. Вака македонскиот премиер Димитар Ковачевски одговори на денешната провокација на бугарскиот претседател Румен Радев.

Ковачевски е дециден дека уставните измени се дел од преговарачаката рамка со ЕУ и ние преговараме со ЕУ, а не со Бугарија.

„Тоа е нешто што ќе тече како процес и треба да се случи за граѓаните да станат дел од Унијата“, категоричен е Ковачевски.

Премиерот не сакаше дополнително да ја коментира споредбата на политичкиот дискурс на Бугарија со Русија што ја направи вчера на самитот на Советот на Европа, а која предизвика лавина реакции во Софија.

На прашањето за барањето на Алијансата за Албанците за смена на формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“, Ковачевски рече дека се води дискусија во рамките на работната група за уставните амандмани. Сепак, смета Ковачевски, приоритет е да се исполнат условите што произлегуваат од преговарачката рамка и затоа треба да се држиме до тоа.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК