Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
mickoski
Македонија

Мицкоски: СДС и ДУИ ја злоупотребуваат ЕУ за да крадат, а фатени се живи

Фокусот на оваа тесна клика која владее е во криминалот, разграбувањето и личните интереси. Во саботата владата беше во Пелагонија за да го означи почетокот на изведба на дел од делницата Прилеп-Битола, како и дел од Коридорот 10Д. Се сликаа, направија големи бини. Омилената агенција за настани на ДУИ постави платформа за славење, завршија, си се собраа, ги товарија багерите и заминаа. Патот денес не се работи, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово на тема Младински политики.

Тој потенцираше дека на терен ништо не се работи, а приватната компанија, која е изведувач, т.е. Бехтел и Енка, ги чека парите кои владата и ги вети, без мака, без работа, над 300-тини милиони евра, и тоа само за аванси и пенали без удрена лопата.

„Тоа е кражбата која цела клика на власт ја турка пред наши очи. Цела година зборуваат за овој проект, а лопата не удрија, а оние пак внимавајте добро ова е многу интересно оние пак рекреативците во скопски Чаир за една вечер направија паркинг од дворот на болницата, и тоа без европско знаменце. И ова колку и да е смешно говори само за беззаконието кое владее во Македонија и колку Владата на Демократска унија за интеграција поддржана од СДС ни е неспособна, рече Мицкоски.

Тој нотираше дека за да полесно им поминат во Собрание законите на СДСМ и ДУИ за овој проект закачиле и европско знаменце, без никаква основа за истото.

„Премиерот, вели дека граделе во Европа, затоа биле законите со европско знаменце. Демек ако е од Европа е гаранцијата дека за Европската Унија се работи, а не сака да види дека во Европа е и оваа мафијашка клика која живее од трудот на народот и го разграбува. Ја злоупотребуваат Европската Унија за да крадат, а фатени се живи како крадат. Фатени се апла како имаат намера да профитираат од проект вреден неколку милијарди евра. И прават грешки затоа се во паника, рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе