Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје е банкрот поради Арсовска, со ДУИ и СДС, кои ѝ ги гласаа финансиските програми

Скопје е банкрот поради Арсовска, со ДУИ и СДС, кои ѝ ги гласаа финансиските програми, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Јанчева како советник ги гласаше финансиските програми на Арсовска, без неа и нејзините колеги од СДС кои се под нејзина команда Арсовска немаше да може да ги оствари своите намери за криминални тендери.

Кога Јанчева ќе зборува за банкрот, нека се потсети дека нивниот директор на ЈСП потпиша 20 милионски тендер за набавка на гориво без рабат.

Очигледно е дека соработката меѓу Арсовска, СДС и ДУИ е блиска и силна, па така се што имаат можат меѓусебно да се информираат, наместо да ја замајуваат јавноста со своите криминали. А за се ова одговорност ќе има, како од Арсовска така и од СДС“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК