3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ ВРЕМЕНО ГО ПРЕКИНА ПОСТАПУВАЊЕТО И ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ НА БАНАНА ФИЛМ

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија врз основа на донесена одлука од страна на Управниот одбор поднесе кривична пријава против продукцијата „Банана Филм“ – Скопје.

Оваа одлука се донесе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – поднесена официјална изјава со невистинита содржина, а се темели на докази поврзани со фактичката состојба на проектите „Мајки“, „Врба“, „Кајмак“ и „Биста“.

Согласно горенаведеното, Управниот одбор на Агенцијата за филм донесе одлука со која го задолжи директорот на Агенцијата да донесе решение за прекин на постапување и финансирање по проектите „Кајмак“ и „Биста“ на истиот продуцент, сè до правосилно решавање на претходното прашање.

Откако Министерството за култура изврши инспекциски надзор за проектите „Мајки“ и „Врба“, од каде овластениот инспектор достави информација и докази со предлог за проверка и постапување по истите проекти до Управата за финансиска полиција, утврдено е постоење на недоследности во однос на доставување на финални извештаи за проектот „Мајки“. При тоа за проектот „Мајки“, продукцијата до денес не доставила финален извештај за потрошени 55.000.000,00 денари како и за сите други дополнителни средства потрошени за реализација на овој проект. Што се однесува до проектот „Врба“, во процес е проверка на фактот – пренос на повисоки износи на средства доделени на сметка на правно лице во странство, која што припаѓа на сопственикот на продукцијата „Банана Филм“ – Скопје.
Сите иницирани постапки на Агенцијата за филм немаат намера да направат блокада на работата на било кој автор, вклучително и сопственикот на продукцијата „Банана Филм“ – Скопје, туку единствена цел е да се утврди дали постоело незаконското работење како и заштита на буџетските средства на Република Северна Македонија.

Спонзорирано: