26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Реките во Тетовскиoт Регион пред излевање, со багери се прошируваат коритата на Пена и Поројска Река

Зголемено е нивото на водите во реката Пена и во Поројска Река во Тетовскиот Регион, објави Центарот за управување со кризи.

Од страна на локалната самоуправа активиран е регионалниот штаб за справување со кризи и на кризните точки веќе се испратени два багера за расчистување и проширување на коритото на реката Пена во долниот дел од градот и од страна на „Водостопанство на Македонија – ПО Тетово“ се интервенира на Поројска Река на регионалниот пат Тетово – Јажинце, велат од ЦУК.

Исто така, од сабота ќе се интервенира со два помали багера на коритото на Речичка Река кај наплатната рампа на автопатот Тетово – Гостивар и на другите критични точки. За настанатата состојба со подигнатото ниво на водите РЦУК Тетово е во постојана соработка со ДЗС Тетово и „Водостопанство на Македонија ПО – Тетово“, од каде што известија дека засега имало само помали излевања од каналите за наводнување и се работи на нивно чистење. Нивото на река Вардар во Полошкиот Регион е зголемено, но засега нема пријава за излевање. Состојбата се следи.