Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
Македонија

Провалил во објект на Армијата во кој се чувало оружје, истрага против скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен скопјанец осомничен за обид за тешка кражба во согласност со член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

На 14 мај, во атарот на селото Ќојлија, Скопско, провалил во издвоен објект на Армијата на Република Северна Македонија, од каде што се обидел да одземе туѓи предмети од особено значење за сигурноста на луѓето и имотот, со намера противправно да ги присвои.

Со клешта за арматура ја исекол жичената ограда и специјалната бодликава жица, влегол во кругот на објектот „Дренов Дол“, во кој се чувало оружје и друга воена опрема. Осомничениот насилно ја отворил вратата, но во тој момент бил спречен од професионален војник, кој го затекнал.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото.

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,27 милиони евра за инвестиции во… Повеќе