Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Алиу и Спасовски ја промовираа услугата: издавање на Уверение за државјанство во електронска форма

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ја промовираа услугата за граѓаните во однос на издавање на Уверение за државјанство на Република Северна Македонија во електронска форма.

Како што беше истакнато, граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат Уверение за државјанство во електронска форма на е-маил адреса и мобилен телефон.

,,Иднината на јавните услуги е целосната дигитализација на услугите кон граѓаните. На овој начин се намалува корупцијата и чекањето ред пред шалтерите за издавањето на документи. До крајот на годината ке имаме нови 150 е-услуги во Националниот Портал www.uslugi.gov.mk каде што на граѓаните им се овозможува да аплицираат онлајн и без доцнење“, истакна министерот Алиу.

Министерот Спасовски од своја страна истакна дека и Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со дигиталната трансформација на процесите и услугите во наредниот период, со цел обезбедување брзи услуги кон граѓаните преку намалување на влијанието на човечкиот фактор.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК