24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Петровска: Доказите на тужителот се „рекла-казала“, Ковачки се правда дека наводните докази му ги дал свиркач

Доказите ќе ги доставиме до судот, следува и второ подготвително рочиште и уверена сум дека судот ќе ја види вистината, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска по денешното рочиште во судот, откако го тужеше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

-Сите оние шпекулации за наводно бришење на податоци од Катастар итн, се само дополнителна замка во којашто тужениот сам влегува, меѓутоа тоа го оставам на неговата совест којашто е очигледно каква е во овој случај. На моја страна е вистината и таа ќе излезе на виделина, кажа Петровска.

Министерката истакна дека ќе биде крајно транспарентна и нема да спречи никој што сака да се заинтересира за овој случај, да го следи случајот.

– Доказите ќе ги доставиме до судот, следува и второ подготвително рочиште, и уверена сум дека судот ќе ја види вистината. Сите оние шпекулации за наводно бришење на податоци од Катастар итн, се само дополнителна замка во којашто тужениот сам влегува, меѓутоа тоа го оставам на неговата совест којашто е очигледно каква е во овој случај. На моја страна е вистината и таа ќе излезе на виделина, кажа Петровска.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека доказите кои ги презентирала денеска пред судот во рамките на подготвителните рочишта се најголемите докази коишто ја потврдуваат вистината којашто таа ја зборува.

-Оскудните т.н докази да не речам “рекла-казала” докази кои ги презентираше тужената страна, покажуваат навистина за каква несериозност пристапиле кон сето ова, и дека единствената цел, како што кажа мојот адвокат, била да се наруши мојата чест и мојот углед, и да се попречам во извршувањето на мојата работа.

Таа додаде дека започнато е и барање за штета, меѓутоа ќе следува и барање за јавно извинување на прес конференција на начин на кој Ковачки, како што додаде министерката, го искажал лажното клеветење кон неа.

-610.000 денари е формата, не значително меѓутоа таа сума на пари ако биде пресудена ќе биде донирана во добротворни цели. Немам намера да задржам пари од нечесни луѓе, истакна Петровска.

Неодамна, министерката информираше дека веќе е поднесена тужба за наводите за „наводна нејзина хациенда“ и тоа за него е веќе изгубен случај.

-Јас никогаш не сум се водела со место на живеење на таа адреса. Имам адреса на живеење во Радишани, но таа е на парцела веднаш до хациендата која ја покажува Ковачки, истакна Петровска, додавајќи дека и за тврдењето за уапсени оперативци на военото разузнавање испратени од нејзина страна на Косово ќе добие тужба.