Centar.mk
КУЛТУРА

ГОЛЕМА НАГРАДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ – „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски освои Гран при во Токио

Филмот „Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски ја освои главната награда на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио. Признанието „Токио Гран при“, кое го носи и името на гувернерот на Токио, беше доделено на денешното затворање.

Жирито, предводено од австралискиот режисер Ролф де Хер, го издвои спојувањето на хуморот, трагедијата и драмата и односот кон филмските ликови. Делото беше меѓу 15-те филма во главната натпреварувачка програма.

На церемонијата наградата ја подигнале актерите Сара Климоска и Филип Трајковиќ и продуцентот Јане Ќортошев. Филмот ја следи приказната на брат и сестра на општествените маргини во современо Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Утре во КИЦ: Соња Стојменска-Елзесер ќе ја промовира „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски

ДЕСК

Десет години, речиси 7.000 подарени книги: „Матица македонска“ за секој ученик во Демир Хисар

ДЕСК

„Без повод за поводи“ од Иван Антоновски во КИЦ: Нови читања на македонската книжевност

ДЕСК