Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МНР со повик до дијаспората да аплицираат за МКарта

Министерството за надворешни работи ги повикува сите заинтересирани поединци, припадници на дијаспората, кои имаат интерес да бидат дел од проектот МКарта, да достават кратка биографија и мотивациско писмо на електронската пошта diasporadesk@mfa.gov.mk со наслов МКАРТА, најдоцна до 1 јуни 2023 година.

Напоменуваат дека сите пристигнати апликации по крајниот датум, ќе бидат земени во предвид при следната селекција.

„Да потсетиме, проектот МКарта е конципиран како поширока мрежа која би била вклучена во општествените текови во државата и претставен е во мај 2021 година. Со овој повик Министерството за надворешни работи планира да ја прошири листата на истакнати личности од дијаспората, кои имаат дадено „посебен придонес за подобрување на односите на Република Северна Македонија со дијаспората или државата во која престојуваат, за подобрување на меѓународниот углед на Република Северна Македонија или се меѓународно познати и признати професионалци во својата струка“ се потенцира во соопштението од МНР.

Можеби ќе ве интересира

145 ВОЗАЧИ КАЗНЕТИ ЗА НЕПРОПИСНО ПРЕСТИГНУВАЊЕ – Полицијата открила уште 271 сообраќаен прекршок

ДЕСК

20 ГОДИНИ АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ – Денеска свеченост со претставници на правосудството и ЕУ

ДЕСК

35 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ УСТАВ НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА – На 17 ноември 1991 година беа поставени темелите на државното уредување

ДЕСК