Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ЦУК: На пругата пред Велес се запалила локомотива и железничкиот сообраќај е во прекин

Денеска (14 мај, недела) во Центарот за управување со кризи (ЦУК) од ЈП „Македонски железници“ (МЖ) е добиено известување дека околу 15:00 часот помеѓу железничка станица „Рајко Жинзифов“ и Велес се запалила локомотива од товарен воз, и притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните, за да не се прошири пожарот. Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотивата со ПП возило таа била гасена со противпожарни пп апарати. Според последната информација во ЦУК, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но според известувањето од МЖ гаснењето е при крај.

Се очекува комисија од МЖ да излезат и да извршат увид на лице место, а жалезничкиот сообраќај е во прекин. Според известувањето до МЖ, за околу половина час би требало да се заврши со увидот, по што би се регулирал сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК