Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: Во енергетиката бележиме сериозни резултати, зашто нудиме решенија за разлика од оние што го кочат напредокот

Денеска со гордост и крената глава можеме да ги погледнеме граѓаните и отворено да зборуваме со нив, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината ‘Резултати што прават разлика’.

-На овие трибини ќе зборуваме за резултатите, ќе направиме евалуација на она што досега го имаме реализирано од Програмата, но низ разговори и дебати со граѓаните, заедно ќе барање нови решенија што ќе бидат дел од следната наша Програма за 2024 година. Ова го правиме во период кој е клучен за нашата држава, за нашата европска иднина и иднината на нашите граѓани. И не случајно започнуваме со секторот Енергетика, кажа Лукаревска.

Сооред неа токму на полето на енергетиката власта бележи сериозни резултати и тоа во година на светска енергетска криза, во период кога црните и катастрофални сценарија за енергетски колапс, за реструкции и поскапувања беа секојдневие.

-Ние, успешно се справивме со сите предизвици од енергетската криза а на кој начин тоа го постигнавме и кои се следните чекори, многу повеќе ќе кажат говорниците присутни денеска на оваа трибина. Ние не бегаме од проблемите, ние нудиме решнија и имаме резултат. А тоа е голема разлика. Додека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер Левица прават се за да го закочат напредокот на државата, ние во СДСМ работиме посветени за интересите на граѓаните и државата. Додека тие шират лажни вести и дезинформации, ние преземаме конкретни мерки и акции. Затоа што СДСМ секогаш била со и за граѓаните и така ќе продолжи и понатаму. Остануваме рамо до рамо со граѓаните, продолжуваме да испорачуваме резултати што прават разлика, потенцира Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

Маѓар како Филипче или Филипче како Маѓар?

ДЕСК

Татко прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син во викендица при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува, соопшти Јавното Обвинителство

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Кочани

ДЕСК