Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Промоција на публикација „Солидарност – од надминување кризи до одржлив развој“

Претседателот Стево Пендаровски утре – 15 мај 2023 година, понеделник, ќе се обрати на промоција на публикацијата насловена „Солидарност – од надминување кризи до одржлив развој“, подготвена од страна на канцеларијата на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП) во Скопје, преку Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС).

Публикацијата содржи тринаесет авторски трудови на тема солидарност, и е изработена по повод одбележувањето на 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје со цел поттикнување на јавната дискусија околу важноста на солидарноста во развојните цели и градењето на отпорни општества.

Покрај претседателот Пендаровски на настанот ќе се обратат Марина Валтер, заменичката на регионалната директорка за Европа и Централна Азија на УНДП, Владимир Десков, ко-автор на есејот „Изградба на градот на солидарноста“ и Ненад Марковиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС).

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК