10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Псарадес/Нивици, каде што се потпиша Преспанскиот договор е место коешто треба да го негуваме како симбол на поврзување

Професорот по сликарство на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот на Западна Македонија во Лерин, Јанис Јогас, кој во Псарадес, каде  раководи со проект од Еразмус програма на ЕУ за студенти кои ги совладуваат вештините на резбата, во репортажа за Рацин.мк вели дека Преспанскиот договор помогна многу да се ралаксираат односите меѓу народите на двете земји и дека сега треба да одиме понатаму.

Во тој контекст договорот (Преспанскиот) помогна, но треба да одиме понатаму, да бидеме заедно, да комуницираме, да разменуваме идеи, да разговараме за разни работи и за разликите се разбира за кои секогаш може да се најдат решенија и да одиме напред, вели професорот Јогас.

Професорот Јогас вели дека сега треба да им помогнеме на младите да преземат иницијатива бидејќи иднината им припаѓа ним.

Јас би бил повеќе од восхитен доколку да имаме тука 10-тина студенти од факултетите од Скопје, да шетаат наоколу и да се запознаат со местото. Ние исто така би можеле да одиме од другата страна. Да правиме уметнички дела заедно сите. Младите луѓе се иднината, ние работиме за нив. Ние го направивме тоа што требаше. Ќе продолжиме, се разбира, но иднината им припаѓа на младите генерации, потенцира професорот Јанис Јогас.

Јогас вели дека Псарадес/Нивици стана симбол на поврзување и како таков треба да остане и да се препознава во сите наредни активности.

Да не заборавиме дека од оваа точка ние го гледаме местото коешто е многу важно за целиот Балкан. Местото каде што трите држави се среќаваат. Тие се среќаваат, не се конфронтираат, се среќаваат. Значи треба да се среќаваме, да дискутираме, да разговараме и да одиме напред. Толку, работите не можат да бидат поедноставни. Да се среќаваме, да разменуваме идеи. Уметноста е токму тоа, нагласува професорот по сликарство на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот на Западна Македонија во Лерин.