Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

ОТВОРЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА 20. И 21. БИЕНАЛЕ НА МАКЕДОНСКАТА АРХИТЕКТУРА – БИМАС 2023

Скопје, 10.05.2023 година – Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ) го отвори повикот за учество на Биеналето на Македонската Архитектура. Имајќи ги предвид случувањата на глобално ниво во периодот од 2020 до денес, а како резултат на тоа и неможноста за организација на 20. Биенале во дадениот период, Управниот одбор на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија донесе одлука за интегрално одржување на 20. и на 21. издание на Биенале на Македонската Архитектура. Настанот ќе се одржи во период од 14. до 30. септември, 2023 година, во НУ “Национална Галерија – Мала Станица“ и во “Музеј на Современа Уметност“ во Скопје, во чии рамки ќе бидат изложени проектни решенија и реализирани проекти во периодот од 2018 до 2020 година и од 2021 до 2023 година.

Право на учество во БИМАС 2023 имаат архитекти, државјани на Република Северна Македонија и правни лица ‐компании, кои учествуваат со дела на архитекти, државјани на Република Северна Македонија. Вон конкуренција, можат да учествуваат и странски државјани, архитекти со соодветно образование, со дела проектирани и изведени на територијата на Република Северна Македонија.

Рок за пријавување на трудовите е до 07.06.2023 година. Сите заинтересирани за учество кои ги исполнуваат критериумите, може да добијат пријавен лист и упатство за подготовка на пријавата по електронска пошта: kontakt.aam@gmail.com или на www.facebook.com/arhitekti.mk.

Повеќе информации во однос на повикот, процедурите и начинот на селекција на трудови, може да бидат пронајдени во рамки на Јавниот Повик, достапен на www.facebook.com/arhitekti.mk.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе