Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Османи од Даблин: Северна Македонија е тест за кредибилитеот на ЕУ на Балканот

Северна Македонија е тест за кредибилитетот на Европска унија во целиот Балкански регион, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи во одговор на прашање на ирските пратеници при својата посета во Даблин. Османи рече дека фактот што Северна Македонија предолго и неправедно чекаше почеток на преговори и неправедните услови кои беа поставени, силно влијаат на моитвацијата на другите земји во регионот да ги реализираат реформите кои од нив ги бара ЕУ.

„Кога во Србија, во Косово или во Босна и Херцеговина, европските функционери одат и бараат тие земји да ги продолжат со тешките реформи, бијдеќи тоа ќе ја зајакне нивната перспектива за ЕУ, обично одговорот е: Па, погледнете го случајот со Северна Македонија. Значи, досието на Северна Македонија исто така влијаеше на динамиката во регионот“ – истакна Османи.

Османи рече дека она што ќе се случи со Северна Македонија секако ќе влијае на одлуката на другите да продолжат понатаму во процесот. Тој напомена дека Северна Македонија и Албанија се воведени како двојка во процесот, така што еден од ризиците е ако нема напредок во едната земја да се прелее тоа незадоволство и во другата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година

C +

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи

C +

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

C +