Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

МОН: Само ако целото општество се вклучи во превенцијата и надминувањето на појавите на насилство, можеме да успееме

Министерството за образование и наука е посветено на борбата против насилството во училиштата, затоа што веруваме дека образовните установи треба да ги градиме како сигурни места, каде децата и младите безбедно учат и се дружат.

Секое дете има право да оди на училиште и да учи, без страв. Ги повикуваме наставниците, стручните соработници, родителите и другите учесници во образовниот процес – сите да работиме заедно, бидејќи имаме заедничка цел: да ги заштитиме учениците од врсничко насилство.
Само ако целото општество се вклучи во превенцијата и надминувањето на појавите на насилство, можеме да успееме.

Проблемот на врсничкото насилство ниту е нов, ни може магично да се реши. Тоа е комплексен и сериозен проблем. Министерство за образование и наука работи на зајкнување на постоечките процедури и постапки за функционирање на системот на заштита на децата во училиште. За да успееме, потребна ни е помош од сите кои добронамерно сакаат да излеземе како победници во борбата со ова зло.

Родителите со право се вознемирени, сите сме вознемирени – сликите од соседството се застрашувачки. Но, да не дозволиме децата да бидат залог во манипулативни обвинувања и да се отргнеме од се што не нѐ води напред.

Како општество можеме да ги заштитиме нашите деца, ако сите заедно, и во семејствата и во училишните колективи, им пристапиме на децата како на најголема вредност. Да почнеме со јакнење на довербата родител-ученик и наставник-ученик.

Како Министерството, ќе преземе сѐ за да ја зајакнеме воспитната компонента на образовниот процес и да им помогнеме на наставниците и стручните кадри во надградба на капацитетите за препознавање и спречување на насилство.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест… Повеќе

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските… Повеќе