5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

ИЗЛОЖБА: ДИМЧЕ НИКОЛОВ – 70 години од раѓањето

Културно-информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на отворањето на изложбата на графики и цртежи „ Димче Николов – 70 години од раѓање“

Со ова изложба на еминентниот уметник Димче Николов, еден од најзначајните македонски графичари, КИЦ свечано ја одбележува 70 годишнината од неговото раѓање.

Димче Николов е роден во Битола на 21 февруари 1953 година. Своето ликовно образование го започнува во Училиштето за применета уметност во Скопје, а го продолжува на Академијата за ликовни уметности ви Љубљана, на сликарскиот оддел кај проф. тефан Планинц. По дипломирањето се запишува на постдипломски студии по графика како професор Богдан Борчиќ, кој ќе одигра клучна улога во неговата определба да ја одбере графиката како свој примарен ликовен израз и на која ќе се посвети во текот на целиот свој животен век.

Тој учествувал на повеќе од (240) графички изложби и меѓународни графички биеналиња, како домашни, така и во целиот свет: Љубљана, Белград, Сараево, Скопје, Битола, Дубровник, Брисел, Барцелона, Лисабон, Париз, Дижон, Шамалие, Краков, Лоѓ, Истамбул, Сеул, Токио, Сапоро, Кјото, Куба, Рио Де Женеиро и многу други. Добитник е на голем број награди и признанија над (45) од кои повеќето меѓународни. Добитник е на три награди GRAND PRIX и слободно може да се каже дека е меѓународно најнаградуваниот македонски ликовен уметник.

Во средината на осумдесетите години се враќа од Љубљана во Македонија каде е назначен за професор на Факултетот за ликовна уметност, отсек графика, во Скопје. Тука тој несебично ги пренесува своите искуства на повеќе генерации студенти.
Творецот Димче Николов се определува исклучиво за графиката како свој ликовен медиум на изразување. Неговите почетоци во оваа ликовна дисциплина ги следеше почнувајќи уште од првите изработени графики во линорез сива игла, литографија па се до делата работени во бакропис-акватинта за која техника дефинитивно се определува во понатамошните дела.

Во своите графики и цртежи Димче Николов ткае апстрактно-пејзажни приказни, користејки ја својата имагинација, како и совршено владеење на графичка техника. Во таа негова само само навидум црно – бела строгост се провлекува визуелен сплет на форми, линии, тонски валери, текстури кои се во взаемна усогласеност и рамнотежа. На овој начин тој создава дела со врвен естетски квалитет кои содржат емоционално и ликовно прочистен израз и умешно просторно обликување.

Во неговите суптилни, меки, но во исто време и моќни апстрактни предели ја слушаме музиката на неговиот чист ликовен сензибилитет.

Росица Лазеска

Изложбата ќе биде отворена до 06.06.2023 година.

ФБ настан https://www.facebook.com/events/789603749057998/

Со почит,

Спонзорирано: