16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Приведено лице барано со потерница

Денеска (09.05.2023) во 13.45 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Д.(37) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од осум месеци за сторено кривично дело по член 377 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Спонзорирано: