26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Потребно е унапредување на транспарентноста на целокупниот правосуден систем

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Гласот на Америка“ информира дека на средбата со државниот секретар Ентони Блинкен во Вашингтон зборувал и за состојбата во правосудството и борбата против корупцијата.

-Разговаравме за сите прашања кои што се знајачни за унапредување на државата, меѓу кои што разговаравме и за унапредувањето на демократијата. Вие знаете дека само до пред 6 години нашата држава беше заробена држава, а денес сме 36 место во светот во слободата на медиуми. Што е навистина едно исклучително големо достигнување, заради демократскиот капацитет кој што го има оваа влада предводена од СДСМ и нормално коалиционите партнери. Исто така стана збор за владеењето на правото и борбата против корупцијата, САД се еден од најзначајните партнери во унапредувањето на правосудниот систем во државата што е исто така и од страна на претставници на американската администрација и од претставниците на американската амбасада во Скопје. Ние како ги презентиравме сите закони кои што се изготвени, во делот на унапредување на борбата против корупцијата, владеењето на правото, инвестициите кои што се прават во правосудството, обезбедено е независност на судство. Меѓутоа она што е пред нас е унапредување на сите овие процеси, пред се тука мислам на зголемување на транспарентноста на целокупниот правосуден систем кој што е независен, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека треба да се идентификува кои се тие поединци кои што имаат подобри перформанси, кои имаат пониски перформанси, за да може да се унапредат, а кои треба да бидат на пример заменети со некој нов кој што ќе донесе нова енергија и ќе донесе нов квалитет во работењето на правосудните органи

-Веќе имаме нов Кривичен законик кој што беше изгласан, меѓутоа имаме голем број на закони кои што се во собраниска процедура. Најголемиот дел од нив блокирани од страна на опозцијата, јас се надевам дека ќе изнајдат начин опозициските пратеници да ги, ако имаат забелешки, дадат на тие закони, доколку немаат забелешки тогаш едноставно да се дозволи да тече понатамошната процедура, бидејќи сето тоа влијае на унапредување на системот. Многу е знајачно и што скрининг процесот на крајот ќе резултира со извештаи кои што се однесуваат на сите поглавја вклучително и на поглавјето на владеењето на демократијата, владеењето на правото и тука ќе можеме да ги видиме точно сите терени кои што ќе треба да бидат исполнети во континуитет пред нас, истакна премиерот.

Прашан за уставните измени, тој додаде дека многу пати истакнал дека уставните измени во делот на вклучување на други делови од народи во Преамбулата во нашиот Устав е една од одлуките за кои што е потребно двотретинско мнозинство до пристапувањето на полноправно членство во ЕУ.

-После таа одлука ќе следува одлука, предмалку зборувавме, реформа во правосудството, за тоа се потребни повторно две третини, потоа ќе следува реформа на јавната админстрација, за што повторно треба двотретинско, реформа на децентрализацијата, повторно две третини. Ваквите одлуки не смеат да бидат предмет на политички услови. Бидејќи доколку станат предмет на политички уцена, тогаш државата не може да напредува во остварување на својата стратешка цел, бидејќи не може остварувањето на членството на ЕУ, кое што обезбедува подобар животен стандард на граѓаните, повисоки плати, подобар правен систем, подобро владеење на демократијата, поголема социјална заштита и т.н, не може да биде заложник на кариерата на еден човек или на една политичка партија. Ова е процес на сите политички партии, ова не е процес на еден човек, не е процес на една партија, не е процес на една Влада, ова е широк општествен процес кој што е веќе отпочнат со оглед на тоа што во рамки на Министрството за правда е формирана работна група за изготвување на уставните амандмани, таа работна група се состои од експерти од правната фела, практичари, од судската фела, од претставници на политичките партии кои имаат свое искуство во политиката и во правото и штом ќе излезат со подготвените амандмани тогаш ќе може да отпочне јавен процес на консултации во однос на истите, со бизнис заедницата, со академската заедница, со политичките партии и да влезе во собраниска процедура каде сите политички партии, особено пратениците имаат обврска со своето одлучување да обезбедат подобра иднина за сегашните и за идните генерации, бидејќи овие одлуки се за иднината на државата, не можат да бидат предмет на днедна политика, како што не биле во земјите кои што влегле во ЕУ. А ги гледаме разликите кога сте или не сте членка ЕУ. Кој можеше да замисли порано наши граѓани да одат да работат во Прага или во Братислава или во било која друга земја која што беше порано членка на Варшавскиот договор, тогаш беше назамисливо. Сега имаме цели улици од наши Македонци во Прага на пример, кој што таму одат за поголема плата, а тоа е затоа што Чешка со влегувањето во ЕУ има неколкукратно поголем животен станадрд од тоа што го имала претходно. И од тоа нема поголема потврда за потребата од влез во ЕУ. Тоа значи подобра инфрастуктура, значи подобри системи за услуги на граѓаните, значи повисок животен стандард, повеќе работни места. Само во Хрватска со влегувањето во ЕУ, бројот на претпријатија е зголемен за 30%, тоа значи и бројот на работни места, истакна Ковачевски.