19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Со Блинкен зборувавме за енергетската независност и стратешките проекти како што е изградбата на коридорите

Денес имаме исклучително важна и конструктивна пријателска средба со државниот секретар Ентони Блинкен и со неговите први соработници, на коишто навистина беа реафирмирани и истакнати сите оние главни стратешки цели кои што државата ги има, а во чие остварување секогаш сме ја имале помошта на САД, кажа премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Гласот на Америка“ по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Вашингтон.

-Многу јасно беше истакната поддршката на САД за ЕУ интеграција на нашата држава. Второ, беше истакната нашата улога како исклучително важен член на НАТО – алијансата, најновиот член на НАТО Алијансата, но ние во ниту еден момент не дозволивме да бидеме пасивен член на Алијансата, туку сме многу активни со свое учество, согласно нашата големина како земја членка. Трето разговаравме за нашата улога како претседавачи со ОБСЕ во годината која е најтешка после Втората Светска војна и за тоа дека процесите се одвиваат на начин на којшто земјите членки на ОБСЕ тоа го очекуваат од нас како претседавачи, кажа Ковачевски.

Тој информира дека било разговарано исто така и за заедничките проекти со нашите стратешки партнери, како САД, така и Германија и Франција и други членки на ЕУ, во делот на енергетската независност и обезбедувањето на непречено снабдување со енергенси.

-За изградбата на идните големи инфраструктурни проекти во делот на енергетиката, пред се мислам на гасоводот кој ќе оди од ЛНГ терминалот од Грција преку Евзони и Богородица до Неготино и исто така разговаравме и за други инфраструктурни проекти како што е изградбата на Коридорот 8 и 10Д за кои што знаете дека со одлуката на нашиот парламент, двата патни правци ќе се градат од американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, истакна премиерот во интервјуто.

Спонзорирано: