Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

182 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, шест мерки за управување возило под дејство на алкохол, 14 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест санкции за користење на мобилен телефон при возење, шест мерки за вградени неатестирани – затемнети стакла, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила….

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски потврди: Отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Синоптичарите со 4 дневна прогноза

ДЕСК

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК