За потребите на еден домашен разговор, ја тестирав мобилната апликација ASK AI. Во chat box-от напишав Macedonian far right (Македонска крајна десница). И еве што беше наведено:
…”Македонската крајна десница се однесува на политички движења или индивидуи кои во Северна Македонија подржуваат крајно десни или националистички идеологии. Овие групи воглавно се фокусирани на промоција на македонскиот национализам, застапуваат силна и јака македонска држава, а се спрoтивставуваат на воочени за нив закани кои се упатени кон македонскиот идентитет и култура
– како на пример албанскиот национализам или имиграцијата.
Една од попроминентните, крајно десни организации во Република Северна Македонија е ВМРО – ДПМНЕ, која што беше на власт неколку пати и беше обвинета за промовирање на анти-албански сентимент. Другите крајно десно ориентирани групи ги вклучуваат Обединета Македонска Дијаспора, што е националистичка лоби организација, со седиште во САД и Националниот Фронт крајно десна политичка партија.
Овие групи се критикувани дека промовираат говор на омраза и нетолеранција кон етничките малцинства во Северна Македонија и биле инволвирани во насилни судири со спротивставените групи. Македонската влада има превземено чекори со цел да се справи со крајно десниот екстремизам и говорот на омраза, но некои критичари тврдат дека е потребно да се направи многу повеќе како би се адресирале овие теми”… така вели ВИ …
Како и досега, така и понатаму, Вештачката Интелегенција (ВИ), јас неа ја третирам со огромна резерва, посебно во поглед на рефрентноста и отсуство на релевантност на оригиналноста на изворите. Сепак, мора да признаам дека во конкретниот случај, а во пресрет на 9 ти Мај, Ask AI, вистина интелигентно ми ги возобнови некои од грижите кои ги имаме ние тука. Особено оние во поглед на третманот на фашизмот и неговата актуленост. Најмногу од се, сепак, ме загрижува апропријацијата на антифашизмот за фашистичките цели.
Што значи тоа за нас денес?
И јас како и многу поумни од мене, немам конечен одговор. Но, она што можам да го споделам е следново. Прво, убедена сум дека секој кој сака вистински да се спротивстави на фашизмот, ќе мора него и длабински да го разбере. Значи, не е прашањето решливо само со реактивна осуда или со инстантно демонизирање (иако, се чини дека понекогаш тоа помага).
Таквиот процес би изискувал една долгорочна тактичност, која во никој случај не смее да ги исклучи и наодите за кривична одговорност поврзани со терористички или насилни дејствија на фашистичките групи ( од Нинберг, до судењата на Златна Зора пред некоја година, судењата во Хаг за пунистичката агресија и сл, ). Тука, важно е исто така, да се нагласи дека насилството има и други освен физички и милитантни форми: вербални,психолошки, симболички, економски итд итд.
Затоа, морална и интелектуална задача на секој демократ, особено политичар, е да ја разбере субстантивната вредност која ја промовира фашизмот.
За жал, во нашето политичко секојденвие, ситуацијата станува се поиндикативна и поопасна, на оваа тема. Оти, тоа дел од глобалниот state of affairs. Фашизмот, денес има свои манифестации долж сите меридијани, па и кај нас. Тие, драстично се зголемени со пандемија, постпандемија, и енергетската криза, очекувано, а особено со актуелизирањето на инвазијата врз Украина и путиновата “антифашистичка” реторика со која крајно безобразно се обидува да ја оправда агресијата. Ова одеше до таму, што Резолуцијата во ОН за осуда на Нацизмот, не наиде на подршка од страна на 52 држави членки на ОН. Тому заради таа трансверзија на оваа важна антифашистичка историска референца врзана за европската историја. Меѓу тие 52, е и РСМ, оправдано! Затоа што во случајот со путиновата инвазија врз Украина, наместо лажното проповедање на борба против, како што го именува “украинскиот нацизам”, всушност го проповеда екслузивното право да тој лично ја определува мастер моралноста, и тоа преку субверзија на демократијата и што е најважно преку државно спонзорирана нехуманост. Апроприирањето на антифа, освен кај Путин, го посведочивме и кај нас, кај некои од субјектите кои се нешто проповедаа, те за бугаризација те за албанизација, претходно за погрчување и сл. Еднаш дури отворено го цитираа Мусолини, но неисе…Ние простуваме, за разлика од некои- си таму режиски испрдоци…
Грифин Р. (Griffin,R.) еден од најрефрентните промислувачи и толкувачи на фашизмот, укажува дека тоа е таква политичка идеологија чиешто МИТСКО ЈАДРО – во своите различни пермутации подразбира всушност една ПАЛИНГЕНЕТСКА ФОРМА НА ПОПУЛИСТИЧКИ УЛТРА-НАЦИОНАЛИЗАМ. Палигенетската рефернца е тука клучна рефрернца особено во делот на проповедањето на НАЦИОНАЛНАТА ПРЕРОДБА! (дали ова со преродбава- Ви значи нешто и дали имате некаков flash back ? )
Идејата за палингенетичката карактеристика на фашизмот, мили мои, е особено корисна кога компаративно се приближуваме кон анализите на ултранционализмот, десниот и етно-поулизмот и слични појавности. Сакам да кажам, се согласувам со Грифин дека мора да сме свесни за некои битни финеси во врска со овие терминолошки замаглувања ако сакаме да се спротивставиме вистински на фашизмот/нацизмот. Би рекла палингенетичноста е се она што е врзано за ПРОПОВЕДАЊЕТО НА ФАШИСТИТЕ ДЕКА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НАЦИОНАЛНА ПРЕРОДБА. (ИЛИ , ПОТОЧНО, ЌЕ СЕ СЛУЧИ НЕШТО ШТО РЕЛАНО НЕМА ШАНСА ДА СЕ СЛУЧИ). Или, во јадрото на фашистичкиот мит ситуирана е лагата дека КОГА ТОГАШ ќе се случи одновното возобновување на нацијата, и тоа е можно само преку нив – фашистите ! Сите оние кои не мечтеат за таква една преродба се предавници. Секој кој не се идентификува со оваа фантазија е екскомунициран и означен и маркиран како издајник. Секој кој има мислење различно од преродбеничкото е страно тело што треба да биде отсрането… Имавме ние искуство со преродбенички инсипиринани насилија, не?
Сепак, една важна инстанца кај Грифин, е врзана и за разбиструвањето на тоа кои се всушност корените на фашизмот, и според него, секој од нас може да биде фашист – особено, во случај кога нашите животи се “загрозени”. Тоа е така, затоа што Фашизмот, нуди длабока смисла за целта и постоењето, а особено во такви општества во кои тешко е да се афирмира чувството на припадност (belonging), на значење и важност (Meaning) на идентитет (identity). Со други зборови, фашизмот станува една ШИРОКОДОСТАПНА РАДИКАЛНА СОЛУЦИЈА – РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА СЕКОЈ ОНОЈ КОЈ НЕ ЗНАЕ НИТУ КОЈ Е, НИТУ ШТО Е НИТУ КАЈ СЕ НАОЃА. Веднаш да запрашам, дали препознавате такви во вашата непосредна околина или на политичката сцена? Јас да. Патем, таа невозможност за идентитетско само-лоцирање во простор и во време, во голем дел кај македонското ткиво беше и резулат на идентитеската папазјанија што ја инжињираше груевизмот – преку фалсифицираната и дрска митогенеза. Крш.
Поентата со палингенетичното толкување на фашизмот, има една битна егзистенцијална компонентна, која всушност е предусловот за да се приклоните кон него. Тоа е длабоко лично чуство на незадоволство од “поредокот” во кој живеете (при тоа, немора да е политички тој поредок, иако полтичкото е и лично истоврмено). Оттука и национал-преродбеничките повици се особено опасни.
Грифин предлага затоа една, како што ја именува самиот “методолошка емпатија”, или поглед одвнатре кон фашизмот, за да сватиме вистински зошто фашистот е тоа што е: имено, фашист. Убедна сум дека токму ова “разбирање одвнаратне” е една од задачите на прогресивниот демокрастки свет, каде и да е ! Грифинова методолшка емпатија – во никој случај не значи дека кон теророт и делата на фашистите треба да им се пристапи со сочуство, напротив: мора субстантивно да се разберат тие мотивациони енергии кон агрегација и кон омасовување на фашизмот, за да се спречи нивно етаблирање, и консеквентно мејнстимизирање. Едно од успешно спречените мејнстимизирањеа на фашизмот е примерот со Хајдер, кога му направија санитарен кордон на времето, па така тој, и покрај добиеното мнозинство на изборите – неможеше да формира влада. И ние имаме слични искуства, ако се сеќавате.
Дали има фашизам во Северна Македонија?
Секако дека го има и чучи со потенција кај многумина.
Дали фашизмот го пронаоѓаме кај политичките субјекти ?
Секако дека да. Доволно е да вклучите ТВ, да отворите портали, да посушате по некој “ заебан” говор во Парламетот.
И парламентарни, и вонпарламентарни субјекти демонстрираат фашизам.
Но, што да се прави ? Како да се справиме со ова?
Лично гледам само еден начин за справување со амбисот кој ни се нуди како куќичка од чокаладо, а тоа е проценка на одржливоста на ветувањата понудени на популистичкото мени…Поточно, соочувањето со неодржливоста на проектираните преродбенички и големо национални фантазии мора да се случи на начин што тие треба да бидат целосно деконструирани. Ако треба и со закајнато ЕПП.
И Ве молам манете се од поединечни изјави дека некој во режимот живеел подобро!??
Па се разбира дека има такви, и во времето на Сталин и на Хитлер, и на Франко имало такви кои живееле мнооооогу добро.
Затоа да се фокусираме на општествените придобивки кои ќе ни ги доближат вредностите на едно демократско општество,како достапноста до правичното судење, квалитетно образование, квалитет на живот, европерспектива… Но, ова подразбира и справување со денешната СТЕЛТ варијанта на ФАШИЗАМ, која нечујно може да ни се пикне под кожата и да не колонизира.
Ана Чупеска за Либертас.мк