Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски со гостинот претседателот на ИНТЕРПОЛ, генерал мајор Ахмед Насер Ел-Рајси, уживаа во прошетката низ Охрид

FB статус на министерот Оливер Спасовски:

Со мојот драг гостин, претседателот на ИНТЕРПОЛ, генерал мајор Ахмед Насер Ел-Рајси, уживавме во прошетаката низ Балканскиот Ерусалим – нашиот убав Охрид, познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Секако, задолжителна патека ни беше и кејот на Охридското Езеро, најстарото во Европа.

Како велат, оние кои го посетиле Охрид еднаш, повторно се враќаат. Верувам дека природните, културните и историските убавини на Охрид, ќе ги инспирираат нашите пријатели повторно да ја посетат нашата земја, а веќе етаблираната позиција на Република Северна Македонија во меѓународното полициско семејство ИНТЕРПОЛ ќе бидат основа за уште посилна соработка и партнерство.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК