Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Спасовски со видео обраќање го честита 7-ми мај денот на македонската полиција

фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Драги колешки и колеги,
Дозволете во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да ви го честитам 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Почитувани колеги, вие сте симболот на довербата во институциите. Токму полициската униформа влева чувство на сигурност, на спокоен живот. Вие сте првиот пријател на граѓанинот, кога станува збор за одржување на јавниот ред и мир, за безбедноста во сообраќајот, за имотни деликти, спасувачка мисија или некоја покомплексна оперативна акција, како што се оние за сузбивање на недозволена трговија со дрога и оружје, илегална миграција или пресметка со организирана криминална група…

Денес можам со задоволство да кажам дека македонската полиција е на граѓаните, но бескомпромисна по прашање на криминалот. Нејзината ефективност од година во година расте, а со тоа расте и довербата во институцијата.

Почитувани колеги,
Нека ви е честит 7 Мај – Денот на полицијата! Ви посакувам здравје и просперитет, многу успеси и уште подобри резултати.
Да живее македонската полиција!🇲🇰

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот

ДЕСК

Филипче: Растот на БДП е резултат на поголемата потрошувачка на граѓаните заради инфлацијата, власта манипулира

ДЕСК

Филипче: Економската криза е од лошото владеење на ДПМНЕ, 62 милиони евра изгореа за увоз на струја

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.