Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

ВМРО-ДПМНЕ ги слави и наградува извршителите на крвавиот 27 април, обвини СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Шест години по „крвавиот четверток“ во ВМРО-ДПМНЕ нема ниту ронка каење или извинување за теророт што оваа партија го создаде само за да не ја предаде власта.

Напротив, не само што нема извинување или осуда, туку партијата предводена од Христијан Мицкоски ги слави и наградува извршителите на грозоморниот чин и се залага за нивна амнестија.

Последен пример за тоа е одлуката на мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ и Левица во Советот на општина Битола парично да ги награди осудените лица за 27 април.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица злоупотребија народни пари за да наградуваат осудени лица и партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ – насилничка, режимска партија на страната на криминалот и криминалците, секогаш против интересите на граѓаните и државата.

Можеби ќе ве интересира

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ: Синоптичарите со нови најави за почетокот на следната седмица

ДЕСК