9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Денес Османи во работна посета на Брисел

Денес (среда, 26 април 2023 година) министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи ќе престојува во работна посета на Брисел, при што ќе се обрати пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET) и инаугуративната Пленарна сесија 2023-2025 на Европскиот Економски и Социјален Комитет, на дискусија за зајакнувањето на демократијата, европските вредности заедно со граѓанското општество во земјите кандидати за членство во ЕУ.

На денешната агенда на Османи ќе биде и дискусијата на тркалезна маса со известувачите во сенка и пријателите на Северна Македонија, Кристијан Сагарц, Илхан Ќучук, Марион Валсман, Тијс Ројтен, Масимо Касталдо, Влад Ботос, Андреа Шајдер и Ирена Јовева.

За време на престојот во Брисел, Министерот ќе оствари средби со лидерите на најголемите политички партии на Европскиот Парламент, претседателката на Социјалисти и Демократи (S&D), Ираче Гарсија Перез и претседателот на политичката група Европска народна партија (EPP), Манфред Вебер.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК