3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Да се извинат оние што фрлаа молотови коктели, со Фронтекс македонскиот јазик се издигна на европско рамниште

Денеска официјално започна заедничката операција, под закрилата на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, а во соработка со припадниците на македонската полиција. Премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето истакна дека денешниот настан е во духот на нашата цврста заложба и определба Република Северна Македонија, што поскоро да стане дел од пошироката европска заедница.

-Деновиве го одбележуваме шестмесечниот период од потпишување на Договорот со Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, кој Собранието на Република Северна Македонија го ратификуваше на 13 февруари годинава. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на пратениците кои што гласаа за ратификување на овој договор, а кои што претходно ја усвоија преку заклучоци и преговарачката рамка со ЕУ, која што составен дел го има договорот Фронтекс, кој што има има исклучително значење во повеќе аспекти за нашата држава, рече Ковачевски.

Тој додаде дека горди сме како нација што овој Договор е прв потпишан договор со Европската унија, на македонски јазик, без додавки, фусноти и ѕвездички, што е доказ за заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, коишто, со овој документ, се поставени на европско рамниште, заедно со сите други јазици и идентитети на земјите членки на ЕУ.
-Вицепремиерот за европски прашања г – динот Маричиќ тоа што го зборуваше минатата година во јули заедно со мене, заедно со министерот за надворешни работи, се потврди дека било вистина и дека договорот Фронтекс и ќе биде потпишан и ќе биде имплементиран. Останува на оние кои што критикуваа, кои што фрлаа молотови коктели врз собранието, врз Владата, врз МНР во најмала рака на него и на министерот за надворешни работи да им се извинат. Со потпишувањето на Договорот со Фронтекс и неговата ратификација, статусот на македонскиот стандарден јазик се издигнува на рамноправно рамниште со сите други јазици кои се зборуваат во Европската унија, а нашата култура, јазик и идентитет, се признати и препознаени и во меѓународни рамки. На овој начин, македонскиот јазик и идентитет се неприкосновени и втемелени во европското законодавство, истакна премиерот.

Спонзорирано: