Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Арачиновец примил речиси пет милиони денари на сметка но не платил данок на УЈП, полицијата му затропа на врата

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице (63) од с.Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување ” по член 279 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на 2020 година преку сопствената банкарска трансакциска сметка во вкупно 18 наврати реализирал прилив на парични средства во вкупен износ од 4.837.240 денари, за кои до Управата за јавни приходи не пријавил и не платил данок на личен доход во износ од 10% или 483.724 денари и за тој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК