Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсење во скопско Волково

Приведен криминалец баран со потерница

Денеска (20.04.2023) во 12.00 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(42) од с.Волково.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

НА 27 НОЕМВРИ ПРЕД СУД ЗА НАПАДОТ ВРЗ САРА – Случајот во Охрид добива судска разрешница

ДЕСК

СОМНЕЖ ЗА МИТО ВО ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ – Приведен вработен во координирана полициска акција

ДЕСК

ГИ НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И МАЛОЛЕТНИОТ СИН И УПАТУВАЛ ЗАКАНИ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ – Приведен 43-годишник во Скопје

ДЕСК