20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Клариќ: Без членството во ЕУ немаше да се изгради Пељешкиот мост, кој Хрватска го чекаше 20 години

Хрватската јавност беше плашена од десницата дека ЕУ е како некој вид на поранешната Југославија. Сега тоа е заборавено кога 70 отсто од јавните инвестиции во државата доаѓаат од фондовите на ЕУ, вели во својата колумна хрватскиот новинар Јасмин Клариќ, потенцирајќи ги придобивките од зачленувањето на Хрватска во Европската Унија.

-Не е ни најмал проблем да се аргументира дека, речиси десет години по влезот во ЕУ, членството на Хрватска се исплатеше. Можеби најдобрата споредба на движењето на животниот стандард во една земја, искажувањето на БДП со паритетот на куповната моќ, што е мерка која ги зема предвид трошоците за живот и стапката на инфлација во една земја. Според методологијата на Евростат, просекот на ЕУ е 100, а во однос на него е искажана паритетот на куповната моќ на земјите-членки. Хрватска влезе во ЕУ со 61, лани беше на 73 отсто од просечната куповна моќ во ЕУ. Словенија, која влезе во ЕУ девет години пред Хрватска, скокна од 83 на 92 отсто во истиот период, појаснува Клариќ.

Тој додаде дека неодамна отворениот Пељешки Мост е најспектакуларниот проект кофинансиран од ЕУ во Хрватска, кој го заобиколува копнениот територијален дисконтинуитет (и сите проблеми, сообраќајот и царината, пред сѐ, што произлегуваат од него) на Хрватска во близина на Неум.

-Самиот тој мост е пример за тоа што може да се направи во ЕУ – а претходно не беше можно. Имено, приказната за изградбата на мостот Пељешкиот Мост пред повеќе од 20 години ја започна самата Хрватска; згора на тоа, челниците на ХДЗ неколку пати ги отвораа работите на него, но на отворањата остана. По влезот во Унијата, сепак, Хрватска се избори мостот да биде кофинансиран од фондовите на ЕУ во износ од 85 отсто, што изнесува неверојатни 357 милиони евра. Минатото лето овој архитектонски бисер беше пуштен во сообраќај, информира хрватскиот новинар.

Спонзорирано: