СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од с. Пирок, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 25.07.2026 на патот Тетово–Гостивар, пријавениот со патничко возило „јагуар“, кое го управувал, удрил во патничко возило „фолксваген голф“, управувано од друго лице.
Од ударот возилото „голф“ излетало од патот и се превртело, а пријавениот продолжил со движење со своето возило.


