На 24.11.2026 околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул. „Кочо Рацин“ со ул. „706“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 74-годишник од Скопје, и велосипед управуван од 70-годишник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавната здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.


