Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Клариќ: Членството во ЕУ е огромна можност за развој, 70% од инвестициите во Хрватска се од ЕУ-фондовите

Пељешкиот мост е само еден пример – нешто појужно од него се наоѓа аеродромот во Дубровник, кој исто така беше реновиран со средства од ЕУ, а генерално денес е тешко да се шетате низ хрватските градови без да наидете барем на некоја табла на која пишува дека реновирањето или изградбата на зградата на кој се наоѓате е финансиран од фондовите на ЕУ, пишува хрватскиот новинар Јасмин Клариќ во колумната посветена на трансформацијата на Хрватска со пристапувањето во Европската Унија.

-Освен повидливите работи, се реновираат и подземни инсталации, особено водоводи во кои не се инвестирало со децении, железнички пруги, сериозни милијарди се инвестираат во кофинансирање на земјоделството и еден куп проекти за мали и средни претпријатија кои без парите на ЕУ веројатно не би имале шанси за успех. Членството, накратко, е огромна можност за развој. Целта на ЕУ е преку фондови што е можно повеќе да се изедначи развојот на сите региони, така што земјите како Хрватска навистина да имаат генерациска шанса. Колкава? Па, пред некој ден, министерот за регионален развој и фондови на ЕУ, Шиме Ерлиќ изјави дека повеќе од седумдесет проценти од сите јавни инвестиции се финансирани од фондовите на ЕУ, пишува Клариќ.
Тој додава дека сепак, големите пари и можностите за развој можеби не се клучната предност на членството.
– Најопипливите предности се оние што голем број граѓани веројатно веќе ги доживуваат како нормална, секојдневна состојба на работите – нема повеќе да се чекање на граничните контроли во редовите означени со „граѓани кои не се членки на ЕУ“, тоа е поедноставно од кога било во историјата за наоѓање работа или студирање во странство, здравственото осигурување важи низ цела ЕУ, а од 1 јануари веќе нема патувања до менувачница бидејќи и Хрватска го воведе еврото. Конечно, туризмот. Главната причина за бумот на домашниот туризам во изминатите петнаесет години е автопатот Загреб-Сплит, кој Хрватска го изгради без да чека влез во ЕУ и со тоа го претвори своето крајбрежје во авто-дестинација за половина Европа. Меѓутоа, со влегувањето во Унијата, работата стана помасовна, а градовите на брегот во лето се претвораат во Вавилон на мешани раси и јазици, што, се разбира, се одразува на државната каса (Хрватска е прва во цела ЕУ по уделот на туризмот во БДП). Нов раст се очекува ова лето, бидејќи Хрватска од 1 јануари е дел од Шенген, област во ЕУ без гранични контроли, смета Клариќ.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК