Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Директорот на БЈБ Тасевски во посета на Генералната команда на карабинерите во Рим

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, м-р Сашо Тасевски, придружуван од Муамет Реџепи, помошникот на министерот во Одделот за меѓународна соработка и Митко Даневски, началник на Одделот за специјални полициски операции денеска и утре (19 и 20 април) е во работна посета на Рим, на покана од Генералната команда на карабинерите на Италијанската Република.

На денешната средба со командниот генерал на карабинерите Тео Луци беше констатирано дека соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Италијанската Република е со постојан континуитет и се одвива во духот на традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји. Притоа, МВР во рамки на своите надлежности, остварува соработка со италијанската полиција не само во билатерален контекст туку и преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка, а во насока на поефикасно координирање и спроведување на активностите со меѓународните криминалистички служби, во борбата против организираниот и другите видови сериозен криминал.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК