Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Починат градежен работник во Кавадарци, извршен увид на лице место

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на градилиште за изградба на приватен објект, каде било пријавено починато лице кое работело како градежен работник.

Со цел утврдување на причините за смртта, дежурниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот. Исто така, издадени се усни наредби за обезбедување на целокупната документација која се однесува на почитувањето на законските одредби за безбедност и здравје при работа. Основното јавно обвинителство Кавадарци продолжува да презема дејствија за расчистување на настанот.​

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК