Centar.mk
БИЗНИСвест

Локвенец апелира до пратениците да не дозволат застој на пругата до Бугарија, очекува градбата да заврши навреме

Изградбата на првите две фази од пругата кон Бугарија започнаа во октомври, информира директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Хари Локвенец во интервју за ‘Локално’. Тој додаде дека фирмите го искористиле зимскиот период за мобилизација и поставување на градилиштата.

-Според првичните извештаи на надзорниот инженер, освен помали забелешки, двете компании работат според предвидената динамика и покрај тоа што е рано, сепак реални се очекувањата истите да ја завршат својата работа во предвидениот рок, кажа Локвенец.

Директорот нагласи дека експропријацијата и испитувањето на теренот од можни археолошки наоѓалишта, искуствено како реални причини за застој во градбата на инфраструктурни проекти, е завршена во целост пред самиот почеток на градба.

-Што се однесува до финансиите, истите во целост се обезбедени, како грант средства од WBIF- европската инвестициона рамка за Западен Балкан и EБОР. Во овој момент во македонското собрание, пред пратениците е дополнувањето на Законот за задолжување со ЕБОР, не за зголемување на задолжувањето туку за прераспределба на веќе обезбедените средства меѓу трите лота кои се во самата постапка. Водејќи сметка дека носењето на овој Закон е најголемата закана во овој момент за застој на работите, апелирам до македонските парламентарци за побрзо усвојување на истиот, кажа Локвенец.

Можеби ќе ве интересира

Синдикална минимална кошница за месец декември порасна на 65.173 денари

ДЕСК

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

ДЕСК

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

C +