Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИСИЗБОР

Локвенец најави железничко поврзување со скопскиот и охридскиот аеродром

Оправдан e интересот на македонската јавност за железницата зошто не само од економска туку и од стратешка важност е самата железница, водејќи сметка дека станува збор за суштински дел од критичната инфраструктура на секоја држава, вели во интервју за ‘Локално’ директорот на ЈП Македонски железници – Инфраструктура, Хари Локвенец.

– Во овој момент како железница располагаме со 700 км пруги кои ги поврзуваат Табановце и Гевгелија на Коридорот X, Велес, преку Прилеп и Битола до Кременица и границата со Република Грција на Коридорот X д, Велес преку Штип до Кочани и делот од западното крило на Коридорот VIII, од Скопје преку Тетово и Гостивар до Кичево. Како ЈП Македонски Железници Инфраструктура насочени сме кон реализација на долгонајавуваниот на источното крило од Коридорот VIII кон Република Бугарија и финална подготовка на документацијата за западното крило кон Република Албанија, вели Локвенец.

Тој додаде дека со овој проект се планира и поврзување на Охрид и охридскиот Аеродром.

-Покрај тоа, заради регионално поголема железничка поврзаност на државата се размислува на поврзување на коридорите Xd и VIII. Имено, од железничката станица Бакарно Гумно која се наоѓа меѓу Прилеп и Битола, во овој момент има индустриски колосек до Сопотница, во правец на Демир Хисар. Преостанува уште мал дел кој би требало да се изгради за поврзување со Коридорот VIII, на потегот меѓу Кичево и Требеништа. И последно, но не и поважност, е поврзувањето на скопскиот Аеродром. Проектираната динамика за завршување на источното крило на Коридорот XIII, координирана со нашите бугарски колеги, е крајот на 2027г. Додека западното крило кон Република Албанија би требало да биде завршено до крајот на оваа деценија, истакна Локвенец.

Спонзорирано: