Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

“Антикорупциска да отвори предмет за случајот Парцели во Лисиче”

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ се најдоа на мета на критики по повод на нивните решенија за урбанистички развој во градот. На прес конференцијата организирана од СДСМ, Дарко Каевски изјави дека градоначалниците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не го почитуваат зелениот развој и проекти за развој на градовите, туку се залагаат за бетонизација и изградба на висококатници.

Конкретно, Каевски ја спомена Населбата Лисиче, каде што се планира изградба на висококатници во реон на семејни куќи. Овој ДУП е спорен и со фактот што парцелите каде се предвидени маркичките за градба се претходно купени од страна на градежни инвеститори, што отвора сомнеж дека тие можеби знаеле каде ќе се градат згради па затоа купиле парцели од над илјада метри квадратни.

– Државната комисија за спречување на корупцијата мора да го истражи овој случај до крај, порача Каевски.

– Тимчо Муцунски освен што ја бетонизира општината, сака со пет милиони евра општинска обврзница да ги задолжи граѓаните на Аеродром. Предупредивме и претходно, предупредуваме и денеска дека со ваков начин на задолжување, лесно може обврзницата да биде купена од големиот бизнис и од големи градежни компании кои потоа ќе влијаат врз работата на градоначалникот и општината, особено во делот на креирање и носење на урбанистички планови, вели Дарко Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +